Главната цел на веб апликацијата за архивирање на содржини од медиуми е да овозможи правење на „слика“ (snapshot) од веб страница со временска ознака кога е земена и зачувување на истата на заштитен сервер. „Сликата“ на веб страницата треба да овозможи документирање на содржината на одредена веб страна (со мултимедијалните содржини во неа), заедно со нејзиниот целосен изглед во точно определн временски момент, во форма на текст (HTML) и слики, како и снимка на екранот, односно изгледот на страницата во графички формат (JPG и/или PNG).
Исто така со апликацијата може да се споредуваат написи објавени онлајн од најголемите македонски веб портали и да се споредат нивните сличности или разлики статистички и визуелно разбирлив начин. Исто така визуелно ќе биде претставена хронологијата на објава на написи почнувајќи од изворот (каде е прв пат објавен) до последната негова верзија со нагласување на промените на процентуален начин.